Магазин 04. август 2019. / 12:47

Од вторник зголемување на температурите, до петок се очекува да достигнат и до 39 степени

Од вторник зголемување на температурите, до петок се очекува да достигнат и до 39 степени

Сончево време со постепен пораст на температурата, најавува УХМР од вторник.

По утрешниот ден со максимални 34 степени, следува зголемување на температурата до 39 степени, особено кон крајот на неделата. УВ индексот повторно ќе биде 9.

Повисоки температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува.

Особено топло ќе биде на југоистокот.

Утре температурите ќе се движат од минимални 11 до 34 степени, во вторник од 10 до 36, а од среда до петок од 12 до 39 степени.