Магазин 16. ноември 2020. / 17:04

Од утре врнежи од дожд, од петок ќе залади

Од утре врнежи од дожд, од петок ќе залади
фото: Каја Тасевска

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека утре и в среда ќе преовладува облачно и врнежливо време.

Врнежите ќе започнат утре кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови.

Од петок наутро ќе е постудено, а в сабота има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.