Магазин 04. мај 2020. / 14:27

Од утре стабилно време, во среда повремен дожд и грмежи

Од утре стабилно време, во среда повремен дожд и грмежи

Времето од утре ќе биде стабилно, освен во среда кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура во Скопје утре ќе биде 5, а маскималната 23 степени.

Во среда пак, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната од 13 до 20 степени. Во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер