Магазин 11. мај 2019. / 13:17

Од утре силно невреме ќе ја погоди Македонија

Од утре силно невреме ќе ја погоди Македонија

Облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, ќе биде времето во наредните денови.

Како што информира УХМР, земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови.

Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град, наведува Управата.