Под влијание на многу топла воздушна маса од југ која веќе ја зафаќа државава во следните денови температурите ќе бележат тенденција на голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 35.
Утре температурите ќе бидат до 33 степени Целзиусови, а УВ индексот 9. Во сабота ќе биде уште потопло, максималните температури ќе се искачат до 35 степени. Во недела и понеделник температурите ќе бидат степен-два пониски, но повторно ќе има поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.
Поради релативно високата влажност во воздухот и понатаму времето ќе биде мачно и спарно па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.