Магазин 16. септември 2020. / 15:19

Од утре и задутре локален пороен дожд и грмежи

Од утре и задутре локален пороен дожд и грмежи

За утре попладне и за петок метеоролозите најавуваат промена на времето со локален пороен дожд и грмежи во јужните делови од државата.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во петок ќе дува и засилен северен ветер.

Веќе од сабота, повторно следува период на стабилно време, но со пониски утрински температури.