Магазин 18. мај 2020. / 12:48

Од утре до петок облачно, со повремен пороен дожд и температура до 34 степени

Од утре до петок облачно, со повремен пороен дожд и температура до 34 степени

Утре, во попладневните часови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што најавуваат од УХМР, Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Времето во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.