Изутринава времето беше облачно и ветровито. На планините на запад имаше врнежи од снег (Маврово и Крушево), а утринава на повеќе повисоки места врнежите преминаа од дожд во слаб снег и тоа во Охрид, Битола, Прилеп. Дожд врне во Претор и Струмица.
Продолжува да дува умерен северен ветер кој повремено засилува особено на северот и на повисоките места.
Температурата преку денот се движеше од 2 до 10 степени.
Под влијание на многу студена воздушна маса од север од утре до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.