Магазин 20. февруари 2019. / 21:59

Од три работи не се одвојувал: Еве што ќе стои покрај телото на Шабан

Од три работи не се одвојувал: Еве што ќе стои покрај телото на Шабан

Најдрагата капа, од која не се одвојувал, неколку пари, но и омилената јадица за риболов ќе стојат покрај телото во вечниот дом на пејачот Шабан Шаулиќ.

Шаулиќ ќе биде закопан во петок, на 22-ри февруари, во алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Со оглед на тоа дека пејачот најмногу уживал во риболов и секој слободен момент го поминувал во својата викендица во Крчедин, каде сакал да плови со чамец и да ужива во мирот, неговото семејство заклучило дека треба да биде погребан со неговата омилена јадица, открива српскиот Телеграф.

Шабан Шаулиќ почина во неделата во Германија во тешка сообраќајка.