Магазин 03. февруари 2019. / 17:37

Од среда промена на времето – еве што не очекува

Од среда промена на времето – еве што не очекува

Од среда се очекува да бидеме под северно воздушно струење, ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува, а со тоа е предизвика расејување на маглата.

Утре ќе има локални врнежи од дожд, но со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Минималните од среда ќе паднат и под нулата во утринските часови, а дневната ќе биде од два до 13 степени.