Германецот кој удрил во автомобилот на Шабан Шаулиќ тврди дека не се сеќава на ништо, поврзано со тешката сообраќајка.
Алсин Левент, возачот на „мазда“ возилото, кој ја предизвика несреќата во кој почина кралот на народната музика и неговиот пријател, Мирсад Кериќ, на својот адвокат во притвор му рекол дека не се сеќава на ништо и дека е во шок.
Безживотните тела на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ се на институтот за судска медицина во Билефелд, а се очекува обдукцијата да се заврши денеска.