Многу студено време се очекува во новата работна недела.
Oд понеделник температурите ќе се спуштат до -15 степени. За викендот и преку ноќта кон недела ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Во југозападните делови на пониските места таа ќе изнесува и над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.