Времето во земјава денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе биде значително облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утре во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури.
Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со обилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.