Магазин 12. февруари 2021. / 12:35

Од ковид-19 почина македонскиот саксофонист Ице Атанасовски

Од ковид-19 почина македонскиот саксофонист Ице Атанасовски

Нашиот познат саксофонист Ице Атанасовски кој со години беше дел од групата „Модус“ почина на 43-годишна возраст.

Атанасовски починал поради компликации предизвикани од коронавирусот.

Многу колеги и пријатели на се простуваат од Атанасовски на социјалните мрежи.

Ице Атанасовски е роден на 18 ноември 1978 година во Битола и до пред некоја година беше член и на музичката група „Модус“.