Магазин 24. март 2020. / 12:16

Од корона вирус почина саксофонистот Ману Дибанго

Од корона вирус почина саксофонистот Ману Дибанго

Саксофонистот, пејач и композитор Ману Дибанго починал како последица од зараза со корона вирус.

Овој славен музичар имаше 86 години.

Дибанго е роден во Камерун. Како виртуоз на саксофон и вибрафон, тој беше познат по специфичниот стил – мешавина од џез, фанк и традиционална камерунска музика.