Магазин 16. декември 2019. / 14:16

Од домот на Тамара Еклстон украден накит од 64 милиони долари

Од домот на Тамара Еклстон украден накит од 64 милиони долари

Од домот на ќерката на бизнис магнатот Берни Еклстон, Тамара, крадци успеале да украдат накит во вредност од 50 милиони фунти или 64 милиони долари.

Скапоценостите биле украдени во петокот од нејзиниот дом во Лондон.

Тамара изјавила дека се чувствува „лута и потресена“ од кражбата, зашто престапниците успеале да ја избегнат деноноќната полициска стража на нејзината улица, но и безбедносниот систем во домот.

Просечната цена на имотите во луксузната четврт каде што живее изнесува над 36 милиони фунти, па затоа и полициското присуство е нормално.

Британскиот модел, Тамара Еклстон, била на одмор пред Божикните празници, што крадците го искористиле за да влезат во нејзиниот дом. Тие влегле преку градината и накитот го украле од сефот, што се наоѓал во нејзината спална соба.

Тамара го купила имотот во 2011 година за сума од 45 милиони фунти.

Полициската истрага е во тек, но засега нема осомничени.