Магазин 16. март 2020. / 14:08

Од 140 заразени со корона вирус во Вухан-само двајца биле пушачи!

Од 140 заразени со корона вирус во Вухан-само двајца биле пушачи!

За пушачите, ризикот да се заразат со корона вирусот е 20 пати помал, отколку кај непушачите. До овој податок стигнале научниците, кои го истражувале периодот на ширење на заболувањето.

Според податоците на кинеските власти, во една од болниците во Вухан од 140 заразени со вирусот корона, само двајца се покажале како пушачи, што се сведува на 1,4% од целата група. Истражувањето е објавено на сајтот на Европската академија по алергологија и клиничка имунологија.

Истражувањата продолжуваат и врз други групи, но првичните наоди се дека кај пушачите ризикот е 20 пати помал да се заразат од корона вирусот. Се разбира, тоа не е повод луѓето веднаш да посегнат по штетната навика. Експертите наведуваат дека во најризичната група за зараза влегуваат луѓето, кои страдаат од хипертонија и дијабет.