Магазин 31. јануари 2019. / 09:27

Облачно време со врнежи од дожд, викендов температури и до 15 степени

Облачно време со врнежи од дожд, викендов температури и до 15 степени

Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје од 4 до 9 степени.

За време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. Температурите за време на викендот ќе се искачат во интервалот од 8 до 15 степени.