Магазин 14. јануари 2020. / 09:46

Облачно време со магла

Облачно време со магла

Времето денеска ќе биде облачно. Во поголемиот дел од денот по котлините ќе има магла, додека во останатите делови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Утринската температура се движи од минус 5 до 1 степен Целзиусов, а дневната од 6 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и ќе има магла. Утринската температура достигна до минус 1 степен, а дневната до 6 степени Целзиусови.