Магазин 04. октомври 2019. / 09:25

Облачно со врнежи од дожд, за викенд сонце

Облачно со врнежи од дожд, за викенд сонце

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови.

Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер особено долж  Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Температурата, според УХМР, денеска ќе достигне до 19 степени на југоистокот на земјата, во Скопје и во Охрид до 16, во Штип до 15, Битола до 14, Берово до 13…

Утре и во недела врнежи ќе нема, а во сабота максималната температура ќе достигне до 23, а в недела до 24 степени.

Во понеделник ќе има услови за дожд во вечерните часови, а температурите ќе бидат слични на денешните.