Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 35 л/м2), проследени со засилен ветер од југоисточен правец. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а дневната од 9 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 10 степени. Маврово 6, Охрид 11, Битола и Берово 9, Крива Паланка 10, Кавадарци 13, Дојран 14.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.