Магазин 16. јули 2019. / 09:08

Облачно со повремени врнежи на дожд

Облачно со повремени врнежи на дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната температура од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува, додека утринската температура се очекува да достигне до 14, а дневната температура до 24 степени.

Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.