Наследникот на Меган и Хари се вика Арчи Харисон Моунтбатерн – Винсдор. Тој е седумнаесетти во линијата за тронот и нема да има титула. Принцот и војвотката од Сасекс денеска првпат го покажаа во јавност бебето, а неколку часа подоцна на инстаграм го објавија и името.
Името Арчи е од германско потекло и значи „храбар“, „цврст“ и „генијален“, додека пак додавката Харисон, значи „од Хари“ и му оддава чест на таткото принцот Хари.