Магазин 24. јуни 2020. / 15:13

Објавена стихозбирката „Шах со Бах“ за деца и возрасни од авторот Владимир Мартиновски

Објавена стихозбирката „Шах со Бах“ за деца и возрасни од авторот Владимир Мартиновски

Стихозбирката „Шах со Бах“ за деца и возрасни од авторот Владимир Мартиновски и со илустрации на Зоран Кардула ја објави издавачот „Чудна шума“ во електронска верзија. Се работи за електронска книга во пдф-формат, целосно илустрирано издание на 74 страници во боја, а повеќе информации има на следниот линк.

Половина од средствата од продажбата ќе бидат донирани за уметничка и музикотерапија за деца со посебни потреби.

Печатеното издание ќе го оставиме за некои подобри времиња, велат од „Чудна шума“.