Магазин 27. март 2019. / 13:18

Објавена листата на најиновативни компании во светот

Објавена листата на најиновативни компании во светот

Прв пат по 13 години дојде до промена на врвот на досегашната листа на најиновативни компании по анкетата на Бостон Консалтинг Груп. Гугл скокна на првото место, Амазон на второто, а Епл, која беше на самиот врв од 2005 година, падна.

Микрософт и Самсунг ги зазедоа четвртото и петтото место. Иако технолошките компании држат девет од првите 10 места, традиционалната индустрија е застапена со повеќе од половина компании во првите 50 на листата.

Од традиционалните компании најиновативна е Адидас, која за само година дена напредна за 25 места и сега се наоѓа на 10. место, со што стана и најиновативна компанија во Европа.

Од 2004 година до денес оваа консалтинг група, вкупно 13 пати ја спроведе анкетата помеѓу повеќе директори за управуање со иновации, во различни земји од различен сектор. Минатата година анкетирани биле 2500 директори во компании со приходи од повеќе од 10 милиони американски долари.