Магазин 08. август 2020. / 20:13

Обичната настинка може да го „подготви“ имунолошкиот систем за Ковид-19

Обичната настинка може да го „подготви“ имунолошкиот систем за Ковид-19

Настинката што сте ја прележале пред неколку години може да ви помогне ако вашето тело се бори со коронавирусот.

Според неодамна објавената студија, некои луѓе кои не биле изложени на  коронавирусот, сепак можат да имаат Т-клетки кои реагираат на вирусот.

Научниците сметаат дека тоа е затоа што тие клетки научиле порано како да препознаат и да се борат со коронавирусите кои предизвикуваат чести настинки, пишува Business Insider.

Видот на белите крвни клетки, Т-клетките, се клучен дел од одбраната на телото од вирусот. Тие ги идентификуваат и уништуваат заразените клетки, а во исто време ги информираат Б-клетките за формирање на нови антитела.

Кога сте заразени, вашиот имунолошки систем создава и антитела и споменатите бели крвни клетки.

Нивото на антитела може да се намали во месеците по инфекцијата, но мемориските Т-клетки опстојуваат со години и можат да помогнат повторно да нападнат доколку истиот вирус некогаш се врати.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека Т-клетките кои се сеќаваат како да се борат со други коронавируси, можат да им дадат на луѓето имунолошка заштита против коронавирусот.

„Ова во голема мерка може да објасни зошто некои луѓе покажуваат поблаги симптоми, додека други имаат потешки форми на болеста“, изјави Алесандро Сете, коавтор на новата студија, во соопштението за печатот.

Сепак, тој предупреди дека е рано да се каже дали постојната имунолошка меморија влијае на исходот на пациентите со „Ковид-19“.

Неговиот тим анализирал примероци од крв собрани меѓу 2015 и 2018 година од 25 луѓе кои никогаш немале Ковид-19.

Откриле дека овие лица имаат мемориски Т-клетки кои можат да го препознаат и коронавирусот и четири типа настинки.

Во тие откритија, врз основа на истражувањата објавени во мај, Сет опиша 10 луѓе кои никогаш не биле изложени на Ковид-19, но имале помошни Т-клетки кои можат да го препознаат и реагираат на него.

Тој исто така спроведе поголема анализа на податоците од Соединетите држави, Холандија, Германија, Сингапур и Велика Британија и заклучи дека белите крвни клетки кај 20 до 50 проценти од неизложените лица значително реагираат на коронавирусот.

„Постоечката имунолошка реактивност постои до одреден степен кај општата популација“, пишува Сет во анализата.

Други докази

Две други, неодамна спроведени студии нудат уште повеќе докази за овој заклучок.

Првата, објавена минатиот месец, откри дека кај 68 здрави Германци кои никогаш немале Ковид-19, повеќе од една третина од Т-клетките одговориле на вирусот.

Другата, објавена во списанието „Nature“, открило дека повеќе од половина од групата од 37 здрави луѓе кои никогаш не заболеле од Ковид-19 имаат мемориски Т-клетки кои можат да го препознаат коронавирусот.

Студијата исто така испитала 23 лица кои имале САРС, кој исто така е коронавирус и открила дека тие сè уште имаат САРС-специфични ТАР мемориски ќелии, дури 17 години откако се разболеле.

Истите Т-клетки се во можност да го препознаат и новиот коронавирус.

Луѓето со вкрстено реактивни Т-клетки можат побрзо да постават имунолошки одговор.

Најдоброто објаснување за овие набљудувања е феномен наречен вкрстена реактивност, односно кога Т-клетките се развиваат како одговор на еден вирус и реагираат на сличен, но претходно непознат, патоген, може да го зајакне имунолошкиот систем.

Во отсуство на вкрстено реактивни Т-клетки, вашето тело мора да ја подигне својата одбрана од нула, што може да влијае колку брзо вашиот имунолошки систем може да реагира на инвазивен вирус.