Новогодишните суеверија се составен дел од човечкиот живот на сите континенти.
Освен новогодишната одлука за ставање крај на штетните навики, сите луѓе имаат заедничка потреба и да се „наоружаат“ со предмети за новогодишната ноќ и да се препуштат на активностите кои ќе им донесат успех, среќа и здравје.
Еве само дел од нив:
Аргентина
Доколку сакате среќно да се заљубите во новата година, дочекајте ја во розова долна облека. Покрај тоа, точно на полноќ направете прв чекор со десна нога за новата година да ви тргне во вистински правец и ритам.
Бразил
Избркајте ги лошите духови со бела облека, а точно на полноќ 7 пати потскокнете за среќа и успех.
Чиле
Наместо месо, на полноќ изедете малку сварена леќа. Една лажичка гарантира финансиски добробит и успех во претстојната година.
Филипини
Избркајте ги лошите духови со помош на светлата – вклучете ги сите светилки кои ги имате во домот.
Гватемала
Финансиски успех ги очекува сите оние кои на полноќ ќе земат 12 монети и ќе ги фрлат преку грбот, на улицата пред домот. Се прашуваме, смееме ли после тоа да ги собереме?
Колумбија
Прошетајте низ соседството со празен куфер барем еден час, за новата година да ви биде полна со патувања.
Русија
Напишете ја желбата која сакате да ви се оствари на едно ливче. На полноќ запалете го ливчето, ставете го во чаша шампањ и испијте ја течноста заедно со позитивните вибрации.
Салвадор
На полноќ скршете едно свежо јајце во чаша и оставете да отстои преку ноќ. Обликот на јајцето следното утро е симбол на среќата која ве очекува во новата година.
Шпанија
Грозјето носи подобрување на сите полиња во новата година. Изедете 12 зрна грозје точно на полноќ.
Турција
Фрлете една свежа шипка преку балконот, на улица. Колку подобро се распрсне плодот, толку годината ќе биде поплодна.