Магазин 14. јули 2020. / 18:59

Новиот ракометар на „Вардар“, Анте Гаџа објави на социјалните мрежи дека е веќе во Скопје

Новиот ракометар на „Вардар“, Анте Гаџа објави на социјалните мрежи дека е веќе во Скопје

Новиот ракометар на Вардар, Анте Гаџа се пријави на социјалните мрежи дека е веќе во главниот град на Македонија и е подготвен за стартот на новата сезона.

Гаџа објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која се гледа дека е на прошетка по Кејот на Вардар, а ова значи дека е меѓу првите играчи кои веќе пристигнаа во Скопје и се подготвени да се стават на располагање на тренерот Стевче Алушовски за стартот на подготовките.