Магазин 26. мај 2020. / 12:30

Нови романи на Божин Павловски преведени на англиски јазик

Нови романи на Божин Павловски преведени на англиски јазик

Во издание на „АЕА” и „Грифин Прес“ од Мелбурн, Австралија, продолжи издавањето на англиски јазик на „Собрани романи“ од Божин Павловски.

Во превод на доктор Весна Николова и Елена Чаварела и супервизија на Бредли Досон, од печат излегоа томот 16 (Враќање во сказните – „Return to the Fairytales“) и томот 17 (Викај ме Бај – „Call me Bye“). Ликовните решенија на целата колекција се на сликарката Жаки Линч.

Се предвидува до крајот на 2021 година да бидат преведени и преостанатите три романи од Божин Павловски. Целиот проект, што се остварува во чест на 80 роденден на авторот, е финансиран од австралиски фондови.

Сите дела на Божин Павловски се наоѓаат и во едициите на „Kindle Books”, достапни за глобална дигитална продажба.