Магазин 25. јануари 2019. / 11:54

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе играат за трофејот на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе играат за трофејот на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе играат за трофејот на Австралија Опен.

Ова стана јасно откако денеска Србинот експресно го елиминираше 24-годишниот Французин Лукас Пуј со 3:0 (6-0, 6-2, 6-3).

Светскиот рекет број 1 беше самоуверен и имаше комплетна контрола во дуелот со Пуј, а во првиот сет не си дозволи да загуби ниту еден гем. Потоа рутински го одработи мечот до крај, кој траеше само еден час и 23 минути.

Ѓоковиќ, кој има шест титули на АО (последната во 2016 година) во финалето ќе се соочи со Надал, кој во полуфиналето го совлада Гркот Стефанос Циципас