Нов закон усвоен во Кина предвидува брачните двојки кои сакаат да се разделат, ќе мора да чекаат да помине едномесечен период на „оладување“ пред да поднесат формално барање за развод.
Регулативата е дел од првиот граѓански законик во Кина и има за цел да го намали бројот на барања за развод. Интересно е што авторите на законот прво предвидувале дека периодот на „ладење“ треба да трае цели 12 месеца.
Во законот се предвидува едномесечниот период на „оладување на страстите“ да не важи доколку барањето за развод се поднесе поради семејно насилство.
Ова законско решение предизвика голем број негативни коментари на социјалните мрежи.