Магазин 14. февруари 2020. / 17:30

Нов рекорд на Антарктик, измерена највисока температура во историјата

Нов рекорд на Антарктик, измерена највисока температура во историјата

Антарктик постигна нов рекорд во температура откако научници заклучија јануари 2020 година бил најтопол јануари досега.

На 9 февруари на островот Сејмор на Антартичкиот полуостров измерена е темпераура од 20,75 степени целзиусови. Имајќи предвид дека тепературата на ова подрачје никогаш не надминала 20 степени целзиусови, се работи за апсолутен рекорд, јавува БиБиСи.

Научна експедиција на САД забележала дека минатиот месец температурата била за 1,14 степени целзиусови повисока во однос на просекот од 20 векови, со што е надминат рекордот од 1,10 степени целзиусови кој е поставен во 2016 година.

Рекорд во просечна температура се одредува во однос на просекот од 1880 година до денеска, но високи температури веројатно имало и пред овие години.

Заради високите температури снегот и ледот во поларните подрачја се топат, што доведува до раст на нивото на морето.

Делови на Русија, Скандинавија и Канада забележале температури пет степени повисоки од просекот.