Магазин 19. декември 2020. / 19:05

Нов пораз за Шалке во Бундеслигата, историски најлоша сезона за овој тим

Нов пораз за Шалке во Бундеслигата, историски најлоша сезона за овој тим

Шалке ја продолжи серијата без триумф, откако загуби на домашен терен од Арминија Билефилд со 1:0, во рамки на 14. коло во Бундеслигата

Тимот од Гелзенкирхен попладнево од клупата го водеше Хуб Стевенс, кој вчера беше назначен за наследник Мануел Баум, но тренерската смена остана без ефект и серијата без победа на Шалке се продолжи на 29. натпревари.

Бундеслига – 13. коло:

Шалке – Арминија Билефилд 0:1, Аугсбург – Ајнтрахт Франкфурт 0:2, Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 1:2, Мајнц – Вердер Бремен 0:1, Лајпциг – Келн 0:0.