Магазин 18. декември 2019. / 20:45

Нов четврт авто-гигант: Се споија Фиат и Пежо

Нов четврт авто-гигант: Се споија Фиат и Пежо

Фиат Крајслер и Пежо-Цитронен соопштија дека нивните правни одбори потпишале обврзителен договор за спојување на овие две автомобилски групации.

Управниот одбор на Peugeot-Citroen (PSA) едногласно одобрил спојување со компанијата Fiat-Chrysler (FCA).

Со спојување на тие две компании, ќе настане четврти по сила произведувач на возила во светот.

Се очекува прес-конференција на која ќе бидат изнесени сите детали.

Потсетуваме, двата произведувачи на автомобили пред шест недели најавиле планови за спојување со цел со здружени сили да се гледа кон новите предизвици во таа индустрија, вклучувајќи го падот на глобална побарувачка и потребата за развој на скапи електрични автомобили, како би се задоволиле новите стандарди против загадувањето на воздухот.

Акциите на заедничката компанија ќе се најдат на берзите во Париз, Милано и Њујорк.

Групата ќе ги поседува брендовите: Fiat, Jeep, Dodge, Ram, Chrysler, Afra Romeo, Maserati, Peugeot, DS, Opel и Vauxhall.