Во натпреварот за третото место на Европското првенство во ракомет, Норвешка ја совлада Словенија со 28:20.
Желбата на Норвежаните на ова ЕП беше златниот медал, или барем среброто, но тие ќе мора да се задоволат со бронзата што за нив е првиот медал освоен на едно европско првенство.
Во финалниот дуел за златниот медал в недела со почеток од 16.30 часот ќе играат репрезентациите на Хрватска и Шпанија.