До четврток времето во државава ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Во Скопската котлина и понатаму ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 8 степени.
Промена на времето ќе има во петок попладне и навечер кога од запад ќе започнат повремени врнежи од дожд, врнежите во сабота ќе се прошират насекаде и ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините.