Од петок како и за време на викендот но и во текот на следната недела под влијание на поизразена влажна и нестабилна воздушна маса ќе имаме значително дестабилизирање на атмосферата и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите се очекува да бидат интензивнии во форма на невремепроследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град, анализира Славчо Поповски.
Поради очекуваното количество на воден талог каде локално ќе наврне над 50 л/м2 воден талог има услови и за локални поплавувања. Исто така со оглед на тоа дека локално процесите ќе бидат проследени со силни електрични празнења.