Актерката Пријанка Чопра и пејачот и актер Ник Џонас ќе ги објават номинациите за Оскар во 23 категории во презентација што ќе се пренесува во живо на 15 март.
Глобалниот пренос на презентацијата на номинирани ќе се врши преку платформите Oscars.com и Oscars.org, како и на профилите на социјалните медиуми на Академијата за филмски уметности и науки – Facebook, Twitter и YouTube.
Чопра и Џонас се во брак од 2018 година, а на Instagram споделија видео во кое зборуваат за тоа колку се возбудени што токму тие двајцата се одбрани за официјалната презентација на номинираните.
Гласањето за номинациите почна на 5 март, а заврши вчера, на 10 март.