Магазин 19. јуни 2019. / 17:06

Невремето започна – еве што не очекува во наредните денови

Невремето започна – еве што не очекува во наредните денови

Од пладневните часови облачноста се зголеми и времето е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.