Манчестер Јунајтед вчера го одигра најдобриот натпревар во сезоната славејќи со убедливи 6:2 против тимот на Лидс кој е лут ривал на „ѓаволите“ и со кого не се имаат соочено во Премиер лигата цели 17 години.
Дека Јунајтед ќе победи убедливо познато беше уште на стартот кога по воведните три минути Скот Мектомини два пати ја затресе мрежата на Иан Меилие и со тоа влезе во книгата на рекорди во Премиер лигата како прв играч на кого му успеало тоа во воведните три минути од средбата.
Освен погодоците, Мектомини беше асистент и на голот на Даниел Џејмс кој дојде во второто полувреме, па затоа не чуди фактот што тој беше фален од сите стручни аналитичари на Островот.
Пофалби до Мектомини стигнаа и од Гери Невил кој истакна дека фудбалерот на овој натпревар се претворил во Пол Сколс и Рој Кин.
– Мектомини се претвори во Пол Сколс и Рој Кин за само три минути. Тој јуреше напред, не знам дали тоа беше тактика или туку така испадна. Неговиот прв допир беше брилијантен, неговиот втор убиствен. Мислевмедека Јунајтед ќе игра на контра напади и брзи напади, но не мислевме дека играчот од средината на теренот ќе заврши таму. Имаа фантастичен старт, изјави Невил.