Магазин 31. октомври 2019. / 11:00

Необична аукција: Се продава уметничката „оставина“ на „Пармелат“ во вредност од над 100 милиони евра

Необична аукција: Се продава уметничката „оставина“ на „Пармелат“ во вредност од над 100 милиони евра

Италијанското обвинителство на аукција продава колекција од слики на светски познати уметници во вредност од стотици милиони евра. Уметничките дела му припаѓале на сопственикот на пред 9 години банкротираната компанија „Пармелат“, Калисто Танци.

Банкротот на италијанската компанија за млечни производи се сметаше за еден од најголемите во Европа. Заради финансиски махинации нејзиниот сопственик доби 8 години затвор и „солена“ казна.

Колекцијата содржи 55 платна од Ван Гог, Пикасо, Моне, Кандински, Реноар и Шагал. Повеќето од нив биле сокриени кај пријатели на Танци и во тајни скривалишта. Само вредноста на 19 слики конфискувани од неговиот дом во текот на 2019 година достигнува над 100 милиони евра.