Сè уште нема никаква трага од дијамантот вреден 200 милиони јени (1,84 милиони американски долари) украден од меѓународно шоу за накит во Јапонија, соопшти денеска полицијата.
Инспекторите ја прегледуваат снимката на безбедносните камери, каде се гледа како еден човек посегнува кон витрината во која бил дијамантот.
Дијамантот од 50 карати последен пат беше виден во четвртокот во стаклена витрина на час пред затворањето на шоуто. Витрината потоа беше пронајдена отклучена и празна.
Полицијата соопшти дека кражбата се случила за време на преполниот изложбен салон во Јокохама, во близина на Токио.
Оваа тридневна изложба, накит изложувале 410 продавници за накит од целиот свет, а изложбата ја посетиле повеќе од 10,000 луѓе.