Магазин 27. март 2019. / 14:03

„Некст Тајм“: Се чувствуваме како модерни комити

„Некст Тајм“: Се чувствуваме како модерни комити

Од дуото „Некст Тајм“ велат дека се чувствуваат како „модерни комити“ по промоцијата на песната „Нешто ќе те питам бабо“, која редовно се изведува на собирите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и идеолошки е блиска со опозицијата.

– По татко потекнуваме од Жван, Демир Хисар, по мајка, скопјани, веројатно направивме некоја комбинација од двајцата родители и во нас се родија модерни комити. Почитувачи сме на комитите како историски личности, а кој Македонец не би ги почитувал? – велат за „Точка“ двајцата браќа

Велат дека засега ќе работат само преработки на изворна музика, а за новокомпонирано ќе видат понатаму.

Велат дека во моментов му даваат предност на изворното пред новокомпонираното, но нема да ги заборавата двата „рокерски“ албуми што ги имаат.

Авторска музика велат дека ќе сосздаваат после овој проект.