Магазин 01. јуни 2020. / 09:01

Не очекуваат три врнежливи денови, по што ќе има значително затоплување

Не очекуваат три врнежливи денови, по што ќе има значително затоплување

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура e во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови.

УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне 22 степена Целзиусови.

Според УХМР, до среда ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утре и во вторник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од четврток се очекува постабилно и значително потопло време.