Управниот одбор на НБА во четвртокот го одобри новиот натпреварувачки формат и 31 јули како пробен датум за рестартирање.
Според новиот формат, 22 екипи кои имаа најдобар рекорд во моментот на прекинување на сезоната, ќе продолжат да играат на Светското одморалиште на компанијата „Волт Дизни“ кај Орландо, Флорида на едно место.
Плејин-турнирот ќе ги вклучува осмиот и деветтиот тим по конференции, ако деветтиот носител ја заврши регуларната сезона на четири меча до осмиот, додека плеј-офот ќе се одвива како што беше случај во претходните години.
На топ-16 тимовите на Истокот и Западот ќе им се приклучат тимовите што се на шест победи од осмото место во двете конференции: Њу Орлеанс, Портланд, Сан Антонио, Сакраменто, Феникс и Вашингтон.