Магазин 11. февруари 2021. / 13:58

Навивачка му покажа „среден прст“ на Надал од трибините – Неговата реакција се прошири на социјалните мрежи

Навивачка му покажа „среден прст“ на Надал од трибините – Неговата реакција се прошири на социјалните мрежи

Интересна сцена се случи на натпреварот на Австралијан опен меѓу Рафаел Надал и Мајкл Мох, кој го доби Шпанецот со 3-0 во сетови.

Во завршницата на вториот сет една госпоѓа од трибините на Надал му испрати „среден прст“, а шпанскиот тенисер не можеше да верува.

-Тоа за мене ли е?, праша Надал, кој „прсна“ од смеење.