Магазин 11. јули 2020. / 22:00

Навивач на Манчестер вложил 55 илјади фунти на Ливерпул: Стравував дека ќе го откажат првенството

Навивач на Манчестер вложил 55 илјади фунти на Ливерпул: Стравував дека ќе го откажат првенството

Англиски фудбалси фан, иако навива за Манчестер Јунајтед, многу се израдува од освоената титула на Ливерпул. Пред почетокот на сезоната, Тони Вард вложил 55 илјади фунти дека „црвените“ ќе го подигнат големиот пехар.

Вард парите ги наследил од баба и сите ги вложил за титула на Ливерпул.

Ливерпул ми изгледаше како тим кој може да дојде до титулата. Планирам да ги потрошам парите дел за добар одмор, но дел ќе задржам – вели Вард кој со ова обложување добил 91 илјади фунти.

Тој признава дека бил најзагрижен кога почна пандемијата на корона вирусот порати тоа што стравувал дека ќе го прекинат првенството.

Ливерпул беше сигурен, му требаа уште шест бодови и многу ќе беше нефер доколку ја откажеа сезоната, а мене само ми ги вратеа парите што ги уплатив – вели Вард.