Најновата информација од Островот покажува дека славниот тренер кој се повлече од фудбалот во 2013 година се уште привлекува внимание на јавноста. Иконата на Јунајтед Фергусон е вистинска институција.
Навивач кој присуствувал на последниот меч на популарниот Ферги на клупата на Манчестер Јунајтед, против вест Бромвич Албион (5-5) собрал нешто што му припаѓало на големиот стратег, а што може да се оцени и како нешто одвратно и за истото заработил вистинско богатство.
Имено, навивачот на тој меч ја собрал мастиката за жвакање која ја жвакал Фергусон, а скоро шест години подоцна ја понудил на аукција како раритет и за неа добил неверојатни 450 илјади евра.
Интересно, тоа дури и не била целата мастика за жвакање, туку само парче од неа, но тоа не било важно за богатиот колекционер.
Колекционерот за мастиката платил 450 000 евра и на тој начин го помогнал клубот , поради тоа што целиот овој приход ќе биде уплатен на сметката на Фондацијата Манчестер Јунајтед.