Во недела од 18.30 часот на „Канал 5“ ќе има весела епизода на шоуто „Еден на Еден“ во кое гостува Наум Петрески.
Фолк пејачот на Жаре му открива кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.
– Тоа беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци – раскажува Петрески.
Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвикува заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.
Наум Петрески во „Еден на Еден“ ќе биде пред уште еден предизвик, да запее две песни кои не се од неговиот репертоар, една од Оливер Драгојевиќ, а една од неговиот колега Миле Кузмановски. Специјални музички гости во емисијата се триото „Саксакустикс“ со преработка на еден голем домашен хит.
Во продолжение, погледнете ја приказната за најголемиот бакшиш на Наум…