Магазин 06. август 2020. / 15:12

Научници открија зошто заразените со коронавирус го губат чувството за мирис

Научници открија зошто заразените со коронавирус го губат чувството за мирис

Губењето на чувството за мирис претставува еден од најчестите и најраните симптоми на коронавирусот, а група американски научници тврди дека ја пронашла причината за оваа појава.

Според Sky News, утврдено е дека сензорните неврони кои го детектираат чувството за мирис и го пренесуваат на мозокот, сепак не се меѓу клетките за чувство за мирис кои ги погодува коронавирусот.

Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои обезбедуваат метаболичка и структурна поддршка на тие неврони, како и одредени матични клетки и клетки на крвните садови, велат научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард, кои исто така наведуваат дека губењето на чувството за мирис во повеќето случаи не е трајно.